Се уредуваат основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“
Деновиве со поддршка на општина Охрид се уредуваат основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“. Со активностите е опфатено фаросување на училниците и кабинетите, фаросување на надворешните ѕидови и естетско уредување на училниците.
После завршување на активностите за уредување на овие две училишта, ќе се продолжи со уредување на останатите основи и средни училишта во Охрид.