18/04/2024
Охрид

Се уредуваат тротоарите на улица „15ти Корпус“

Деновиве започнаа активности за уредување на тротоарите од улицата „15ти Корпус“.  Во тек е уредувањето на левата страна од улицата, а по завршување ќе се продолжи со уредување и на другата страна.

Активностите се во рамки на проектот за реконструкција на улицата „15ти Корпус“ во прва фаза која се заокружува со изведувањето на активностите за уредување на тротоарите. Претходно, во рамки на овој потег се изврши поставување на нова атмосферска канализација, асфалтирање и се вршеше уредување на пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.

Втората фаза од реконструкцијата е веќе започната, со изградбата на три потпорни ѕидови. Според проектот следни зафати се поставувањето на атмосферска канализација на потегот до влезот од село Лескоец.

Буџетот предвиден за овој проект е 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари од ЈП „Државни Патишта“. Вкупната должина на улицата „15-ти Корпус“ е 1900 метри.