Се уредуваат зелените површини на регионалниот пат Охрид-Св.Наум

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работат на уредување  на зелените површини од банкините и тротоарите на потегот од бензинската пумпа кај Билјанини извори до хотелот „Инекс Горица“. Акцијата  се реализира во соработка со Агенцијата за државни патишта којашто е надлежна за одржување на регионалниот пат Охрид-Св.Наум и истата продолжува и утре.

Во текот на вчерашниот ден охридските комуналци го расчистија овој патен правец од расфрланиот комунален отпад.