19/04/2024
Македонија

Се зголемува цената на бензините, дизелот поевтинува

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,09%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, односно за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 04.03.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 04.03.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,149 за ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.03.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,698 ден/кг.