28/03/2024
Македонија

Се зголемуваат цените на нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,69%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,393 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 34,034 ден/кг.