19/04/2024
Македонија

Седуммина автори од Македонија, застапени во Алманахот на светската поезија 4 – „Жамор речи“

Петко Шипинкароски и Веле Митаноски – лауреати на „Књижевни салон ПОЕЗИЈА СТЕНКА“ од Белград, за особен придонес во афирмацијта на поетската реч

Седуммина автори од Македонија, се застапени и извонредно го збогатуваат со своите авторски трудови, најновиот, Алманахот на светската поезија 4 – „Жамор речи”, спонзориран, меѓу другите, и од Светската академија на поезијата од Равена.

Денеска, од 19 часот, во Куќата на Крал Петар Први и утре од 16 часот, на Меѓународниот саем на книгата во Белград, односно во 18 часот во ресторанот Стенка, ќе се одржат три промоции на Алманахот.

Од Македонија се застапени, Христо Петрески, Петко Шипинкароски, Веле Митаноски, Стеле Ковач Босилковски, Марина Икономова Шокева, Тоде Илиески, како и Милена Златеска, од македонската дијаспора во Пула, Хрватска.

„Во време на светковината на книгата и списателството, особено ги поздравувам овогодишните лауреати од Македонија, Петко Шипинкароски и Веле Митаноски, добитници на признанијата за особен придонес во афирмацијата на поетската реч.“ – потенцира Даниловиќ, член на Светската академија на поезијата и претседател на Одделот за словенскиот свет.

На оваа книга, тим соработници работеа година дена, вградија повеќе од 2.000 часови креативен и самопрегорен труд. Годинешното издание на Алманахот, кој го промовираме на Меѓународниот белградски саемна книгата, со поздравен говор на Радомир Андриќ, председател на Здружението на писателите на Србија и Радинка Стојковић, раководител на Салонот, извонредно го збогатуваат авторски трудови на македонских автори.

Књижевниот салон „Поезија Стенка“ од Белград, кој е веќе триесет години неинституционално собиралиште и дружење на уметници од сите вокации, пред се, поети од целиот свет, на претходните Саеми на книгата, досега, претстави 3 Алманаха – зборници од селектирани книжевни творби на автори од целиот свет.

Во оваа книга издадена од Светската академија за поезија од Верона, Здружението на писателите на Србија, Матицата на иселениците и општината Савски венац во Белград, селектирани се трудови од 180 автори, меѓу кои се и многумина офицајилизирани книжевни авторитети, од 17 земји: Шведска, Германија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина, Македонија, Швајцарија, Словенија, Австрија, Канада, Франција, Австралија, Данска, Турција, Русија и Србија.

В.М.