19/04/2024
Охрид

Секое утро исти слики од расфрлан отпад на локации во Стар Град

Во последните денови сè повеќе загрижува состојбата со јавната чистота на одредени фреквентни и автентични локации во стариот дел од градот. Имено Канео, Антички театар, Лабино, Света Софија и Сараиште во доцните ноќни часови стануваат збиралишта за младата популација кои зад себе оставаат купишта ѓубре. За оваа состојба има голем број реакции и од локалното население кое реагира на расфрланите пластични шишиња, отпадоци од храна, картонска амбалажа и др.

ЈП „Охридски Комуналец“ апелира до надлежните институции да се преземат мерки и санкции за надминување на оваа алармантна состојба.

Службите од „Охридски  Комуналец“ секојдневно го подигнуваат расфрланиот отпад, но веќе следното утро сликите се повторуваат.