Секој месец изложба на книги од роднокрајни автори

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ја продолжува традицијата со изложби на книги од роднокрајни автори кои слават роденден. Јануари е богат со родендени и во „Прличевата одаја“ веќе е поставен избор на дела од славениците: Григор Прличев, Иван Точко, Видое Видически, Јован Котевски, Трајан Петровски, Славе Банар, Марија Младеновска и Димитар Димоски.

Заинтересираните изложбата ќе можат да ја посетат секој работен ден од 9 до 18 часот.