18/04/2024
Спорт

Селекторот Гонзалез го објави поширокиот список на сениорите за квалификациските натпревари

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Раул Гонзалез го објави поширокиот список на 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 25.10.2018 (четврток) против репрезентацијата на Турција. Натпреварот ќе се одигра во Битола со салата “Боро Чурлевски” со почеток во 20:15 часот.

Вториот натпревар против селекцијата на Грција ќе се одигра во градот Козани, Грција со почеток во 18:30 часот на  ден 28.10.2018 (недела).

Поширок список на 28 ракометари за сениорската репрезентација.