16/04/2024
Спорт

Селекторот Гонзалез го објави списокот со ракометари за подготовките за ЕП 2018

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари повикани на првиот собир на репрезентацијата од подготовките за ЕП Хрватска 2018. Раул Гонзалез повика 21 ракометар на првиот собир што ќе се одржи на 25 декември 2017 со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ: 
Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.

Инаку, според планот и програмата за работа, воведните подготовки ќе започнат на 18 декември со почеток од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. Во воведните подготовки кои ќе траат до официјалниот старт на подготовките, ќе се работи на индивидуален план со помал број на играчи и персонализирани тренинзи за секој од повиканите играчи, изготвени од стручниот штаб на репрезентацијата, а спроведени од асистентите на селекторот, Роберто Парондо, Александар Царчев и Кристијан Кајчевски. На располагање ќе биде и комплетниот физиотерапевтски тим на репрезентацијата, со цел играчите максимално подготвени да го дочекаат првиот собир.