Сене Пазаркоски го фати светиот крст во Велестово

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места.

26-годишниот Сене Пазаркоски е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово, меѓу 25-мината скокачи. На среќниот фаќач, од црквата „Успение на Пресвета Бгородица“ од Велестово му подарија златно крсте и икона.

Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година.

WebOhrid