25/04/2024
Струга

Си се шетал низ Струга иако имал забрана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 05.08.2020 во 16,30 часот, од полициски службеници при контрола на лица, на кои им било издадено решение од ДСЗИ за здраствен надзор и домашна изолација, пријавениот не бил затекнат во неговиот дом.