19/04/2024
Охрид

Шикоски: СДСМ и градоначалникот Стојаноски создадоа колапс во образованието

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше Дејан Шикоски – советник во Советот на општина Охрид.

„Дневните политики во образованието се примарна цел на оваа Локална Власт. СДСМ и градоначалникот Стојаноски создадоа колапс во образованието. Самоволието на раководните органи во училиштата никако да запре. Веќе трета недела учениците уште не ги добиле учебниците по сите предмети, а од бесплатниот превоз ни трага ни глас. Проектот за рано изучување на јазикот во три училишта во Македонија, каде што по една паралелка во генерација го изучува германскиот јазик, се укинува во ОУ „Григор Прличев“, едно од трите училишта, само затоа што Директорот не го продолжува.

Ако знаеме дека Советот на Европа бара наставата по странски јазици да започне што е можно порано, тогаш зошто Директорот ги укинува овие паралелки?

Секоја година одбрани талентирани деца од новите првачиња беа дел од проектот поддржан од „Гете“ Институтот и амбасадата на Германија. Сега тоа право им се ускратува на учениците, а што е уште полошо учениците што веќе започнале да го изучуваат јазикот сега прекинуваат во сите одделенија од деветтолетката.

Што ќе се случи со сертификатите на ученците коишто треба да ги добијат?

Ова се тие европски норми и принципи со кои се поигруваат со учениците, наставниците и сето тоа без никаква консултација со родителите.
Дали тоа значи дека повеќе нема да има стипендирани ученици во училиштето и надоградување на нивното знаење?

Пратеничката Жаклина Лазаревска како застапник на граѓаните во Собранието наместо да застане во интерес на учениците и образованието директно преку Министерството за образование и наука таа го промовира капитулантскиот договор за промена на името.

Ништо од ветените реформи во образованието, ништо од европските прнципи за квалитетно образование. Во ниедно училиште не се изврши реконструкција на училишната зграда, кров, реновирање на тоалети и санитарни јазли. Извршена ли е дезинфекција, дератизација и дезинсекција, за да создадете оптимални услови за почеток на новата учебна година?

СДСМ да престане да укинува мерки кои се во интерес на учениците. Државниот просветен инспекторат да ги преземе сите мерки во врска со последните случувања со учебниците, бесплатниот превоз, паралелките и лошата состојба во образованието, а раководните органи да сносат одговорност.“ – истакна Шикоски.