13/07/2024
Македонија

Силен ветер предизвика прекини на струјата во повеќе региони

Скопскиот регион

Во текот  на вчерашниот ден силниот ветар во Скопскиот регион предизвика да паднат кровови, дрвја, поголеми гранки, бандери, а и да се појават повеќе шумски пожари во Скопско. Поради тоа одржана е вонредна седница на Кризниот штаб на Град Скопје на којашто присуствуваа сите надлежни структури од СУК за Град Скопје.   

Договорено е сите структури да превземат активности во рамки на нивните ингеренции и задачи и можности, дека ќе се активираат сите ресурси што се на располагање на Град Скопје, а и дека ДЗС ќе ја следи состојбата и ќе се активира согласно потребата.

ЕВН Македонија известуваат дека поради силниот ветер, а некаде заради шумски пожари, без електрична енергија сеуште се корисниците од населените места Кучково, Ново Село, Никиштани, Бојане и Орашје, Дворце, Пакошево, станица Зелениково, Ново Село, Страхојадица, Смесница, и Летевци. Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Велешки регион

ЕВН Македонија известува дека во текот на вчерашниот ден во велешкиот регион заради невреме проследено со силен ветер околу 16:50 часот скинати се жици од далновод и без електрична енергија се потрошувачите од селата Оризари, Клуковец и други села од тој дел. Заради дефект од 15:30 часот без електрично напојување останале потрошувачите од селата:  Богомила, Теово, Извор, Јасеново и Стари Град.

Кумановски регион  

Во текот на вчерашниот ден како последица на силниот ветер во попладневните часови без електрична енергија останале потрошувачите од с.Биљановце, с.Пчиња м.в. Краста, с.Студена  Бара, с.Романовце, Агино  Село, с.Доброшане, с.Проевце, с.Зелен Рид и  с.Шупли Камен.