25/04/2024
Македонија

Силен земјотрес во Грција го затресе целиот Балкан

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:43 часот во нашата земја, но и на територијата на целиот Балкан, кој предизвика вознемиреност кај граѓаните.

Земјотресот беше со интензитет од 5.5 степени според Рихтер, а епицентарот е во близина на Лерин, Грција на длабочина од 10 километри.

По него следуваа серија помали потреси кои се уште траат.