10/12/2025
Дебрца

Сиљаноски: Оваа победа не е само моја, ова е голема победа за сите нас, за сите Дебрчани!

ДРАГИ МОИ ДЕБРЧАНИ,

Од сѐ срце ви благодарам!

Оваа победа не е само моја — ова е голема победа за сите нас, за сите Дебрчани!

Ви благодарам за довербата, за поддршката, за секој разговор, насмевка и искрен совет. Заедно покажавме дека Дебрца знае да се обедини околу вистинските вредности и заедничката иднина.

Пред нас е многу работа, но и многу надеж. Ви ветувам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Дебрца, со чесност, посветеност и одговорност.

Да продолжиме заедно, со иста енергија и љубов кон нашата општина!

Со почит,
Златко Сиљаноски
Градоначалник на Општина Дебрца