18/04/2024
Македонија

Силна поддршка за зголемување на бројот и подобрување на расната структура во стадата на овци во Македонија

Во селото Маврово, општина Маврово – Ростуше се одржа 12-тата по ред манифестација „Ден на одгледувачи на овци, Маврово – Ростуше 2018-та година. Во името на Владата на Република Македонија и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  на манифестацијата се обрати ресорниот  заменик министер  Благе Цветковиќ.

Заменик министерот посочи дека министерството како и во минатите така и во наредните години ќе продолжи да ја поддржува оваа манифестација. Како што истакна Цветковиќ,  „Денот  на одгледувачи на овци“  е можност на едно место да се соберат,  производителите, преработувачите од Македонија и од регионот, но и експерти од областа на сточарството.

„Македонија е земја препознаена по македонското јагне, старото македонско овчо бело сирење, како и прочуениот кашкавал. Целите на Владата на Република Македонија и мерките на министерството за  земјоделство, водостопанство и шумарство во овчарското производство се зголемување на бројот и подобрување на расната структура во стадата на овци во Македонија. Токму затоа како што потенцираше Цветковиќ, преку  програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година овчарството финансиски се поддржува со:

–         директни плаќања за обележани грла овци од сите категории  со  1. 000,00 денари, односно 1.100,00 за земјоделски стопанства кој имаат пријавено од 101 до 500 грла овци од сите категории.

–        Продолжува и поддршката со 4 денари по литар за сточарите кои произведеното и предадено овчо млеко го предаваат  во регистриран преработувачки капацитети,

–        дополнителна поддршка од 700,00 денари за задржано женско јагне,

–        Посебна поддршка преку дополнителни директни плаќања во висина од 550,00 денари се доделува и на сточарите кои одгледуваат од автохтоните раси Праменка (Овчеполка, Шарпланинаска и Каракачанска) обележани и евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци и запишани во матична книга на Призната организација на одгледувачи на овци од расата Праменка (Овчеполка, Шарпланинска и Каракачанска) на денот на поднесувањето на барањето.  

Цветковиќ истакна и  дека  преку „Програмата за рурален развој“,  сточарите имаат можност за  повраток на средства 50% од инвестицијата за набавка на машки и женски приплодни педигрирани грла како и поддршка за платите за овчарите.

Стратегијата на Владата на Република Македонија и на Министерството за земјоделство , водостопанство и шумарство е јасна, ќе го подржуваме максимално  сточарското производство се со една цел “ Да ја вратиме гордоста на ЌАЈИТЕ во Македонија “- истакна заменик министерот Цветковиќ.

Градоначалникот на општина Маврово – Ростуше Медат Куртовски, истакна дека :

„Оваа манифестација е од посебен интерес за општината, затоа и во наредниот период ќе продолжи поддршката за оваа манифестација да прерасне во интернационална.“

Претседателот на Регионалнотото здружение на овчари Меџит Амити, посочи дека „Денот на одгледувањето на овци“  во наредниот период треба да прерасне во неколку дневна манифестација која ќе ги промовира  македонското овчо сирење и кашкавал кои се изработени со искуство, со љубов и трпение негувани и со традиција потпишани.“

Директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта Љујзим Фејзулаху, рече дека традиционално, како и минатите така и годинава на манифестацијата  се одбра и најдоброто македонско бело овчо сирење.“

Како и во изминатите години, така и оваа се оддржа натпревар во стрижење на овци, борба со пеливани. Гостите имаа можност да дегустираат овчарски грав, и овчо сирење и кашкавал, но, и да ја проследат богатата културно – уметничка програма. Манифестацијата „Ден на одгледувачи на овци“ за прв пат беше оддржана во 2005- тата година.