25/04/2024
Охрид

Син го пронашoл мртов својот татко во дворот од куќата

На 14.08.2018 година во 19:30 часот во Полициската станица Охрид, Ѓ.И. (50) од Охрид пријавил дека во дворот од куќата во с.Сошани го пронашол починат неговиот татко Б.И. (86) од с.Сошани.

Смртта била констатирана од екипа од Итната медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.