19/04/2024
Македонија

Сите сме, ние, дел од големата балканска сага: Најди се себе си, помагајќи им на другите

Ете, случајот сакаше – не знам зошто, иако можеби знам, првите две новогодишни честитки и испорачани желби, да ги добијам од Прага (Ристо Лазаров) и Скопје (академик Луан Старова).

Ние не ги избираме ниту пријателите, ниту пак својот живот. Пријателите не избираат нас, како што и животот не избира. Затоа не се измачувајте трагајќи по одговорот – зошто животот ви подготвил грст радост, или, пак, почести денови и години на жалост, загуби страдања. Можеме само да го прифатиме тоа, да продолжиме понатаму, а и страдањата се за посветените.

Лугето со ситни души секогаш се обидуваат да ги понижат другите, се на овој свет е лажно, се освен парите! (Карлос Руиз Зафон)

Незнам, дали нашите животи, всушност, “се само нејасни паузи помегу големите електрични игри на таткото Бог” (Јуџин О,Нил), но, сигурно знам дека животот не е востановен возен ред. Живееме во време на титанска надменост, уште Првородениот повикал – првиот да го фрли каменот кон него, нама денес секој фрла камен! А, потоа, го обвинува соседот!

Во овој циркус од свет, бесцелно е да се тргне во потрага по каменот на мудроста, или, што би кажал Андре Жид: за човекот нема радост, кога околу него царува злото.

Овој свет е полно со клиенти за Фројд, Буда, Фешн ТВ и Фејсбук. Секогаш бидете подготвени, пред некого, пред кого сте се вложиле, наеднаш да се најдете во позата на заљубениот маж – невработено лице кое дошло на интервју на разговор за работа! Униформата многу брзу ги менува луѓето. За љубовта и довербата, пишувајте нежно, но не и лигаво, би не подучил големиот Хемингвеј, новинарот и авторот – закитен со Нобел.

Но тоа не ни дава за право да очајуваме. А уште помалку да се обнадежиме. Среќни се само оние, кои живеат во надеж. Подмолноста не е причина да не направите нешто добро. Ние често и не сме свесни за својата среќа. Човекот, никогаш не е толку несреќен колку што мисли. Ако, тоа, вие не го забележувате, ќе го забележи ближниот до вас. Ништо не е невозможно за окото на искрените и за вас загрижените пријатели, тие се вашата драгоценост, азното на овој свет. Затоа чувајте го мирисот на вашето пријателство, само пријателството е вредноста која ќе ве облагороди. Пријателството и љубовта се најубави кога се невозможни, додека најголемата љубов никогаш не е земна.

Сите сме ние дел од големата балканска сага: Најде те се себе си, помагајќи им на другите

Годината која ја оставаме зад нас, ќе остане како една од најконтраверзните. Со големи премрежија, интимни разочарувања, општествени тектонски поместувања. Голема контраверза е кога морето се дави во реката, а не обратно. Кога, уште и на личен план, судбината ќе ве остави околу себе да гледате се помалку од врсниците, или уште повеќе – ќе ви распара и откорне уште една нитка од семејното, како што летото, подмолната напаст ми го одзеде најмалиот брат.Тогаш што?Ништо, стиснија тагата како мртва ластовичка!

Францускиот новинар и романсиер, Бегбеде, кој низ својот професионалоен живот се прошетал од таблоидот Воаси, преку Пари Мач, до специјализираниот магазин за книжевност Лир, како и книжевниот додаток на Фигаро, напиша на едно место дека животот е самица, во која има огледала наместо зидови (Life is a Lie.)

Маката си има свој збор, таа бара зборови, но ретко ја слушаат туѓи уши!

Па, сепак, сите сме ние дел од големата балканска сага, да се најдеме се себе си, помагајќи им на другите. Ништо не е невозможно за окото на искрените пријатели. За нас, кои живееме на морските, или езерски синила, тишината не е толку непријатна како на други места:
“Ти посакувам среќна Нова 2020 година,бериќетна, со добро здравје и семејна радост. Сакам во оваа пригода да ти се заблагодарам за големата подшка што постојано и ја даваше на мојата балканска сага, сметајќи те за нејзин дел. Твој Луан Старова”.

Сепак, вреди да се продлжи

Тогаш, вреди да се продлжи. Тогаш, кога, живиот класик од Балканите, ерудитот кој ни ја приопштува балканската сага, те “смета за нејзин дел”. Тогаш, нека продолжи детиштето во тело на старец. Нашите животи се безначајни, протекуваат заедно со времето, но ние сепак сме постоеле и тоа не може да се промени. Ако е така, тогаш, нашите радости никогаш нема да испарат. Прави го она што ти го наложува срцето и Господ ќе биде задоволен

Кој очекува надомест за љубовта, за изневерените очекувања и доверба, само си го губи времето. Ние кои барем еднаш сме “залафиле” со Момо Капор, треба да знаеме дека “ работите не вредат онолку колку што им е цената, туку онолку колку што сме вложиле љубов и посветеност”.

Велат, кога сакаме да раскажеме една приказна, ќе ни успее само ако ја раскажеме сопствената приказна. Ние, кои на олтарот на професијата го жртвувавме својот сентиментален живот, со некакво утешното чувство на вечност. Нам, на кои безгрижноста ни прилегаше на слепило, ние кои уметноста на живеењето ја лоциравме во сегашноста. Сепак треба да останеме објективни. Иако нашите текстови, за жал, не менуваат ништо суштински, им ја должиме вистината на нашите читатели. Иако лугето не се секогаш подготвени да ја прифатат, нашата задача е да сведочиме со душа и совест.
Човековото време, не е исто што е божјото време

Научив да се вкопам во работата како во некоја тврдина. Кога светот е создаден веднаш е и поделен: едни добиле добро вино, други жед. Животот е привремен но привременоста не му ја одзема смислата на животот. Авторот брзо сагорева, тој живее за двајца. Има разни луге, некои создадени од восок, а некои од камен. Вториве, го отфрлиле проклетството на рамнодушноста, тие знаат дека на реалноста не и епотребна маска. Кога се занимаваш со новинарсво и јавност, не се срами ако те нарекуваат непоправлив скептик.

Кога и сликарите и уметниците од Монпарнас, ќе почнат да се интересираат за политика, тогаш биди подготвен да бидеш она што Хемингвеј беше за американската НАНА, како известувач од граѓанската вопјна во Шпанија. Ропски можат да се клањаат само оние кои не се ослободиле од ропската психологија. Епигонството, како поддршка без размисла, ми беше туѓо, не ја прифаќав беспомошната покорност во провинцијата, дури и како апатрит во својата куќа.

Да се живее со отворени очи, значи светот да се гледа со сите негогви контрасти. Потребни се очи. Особено на мои години, кога внуците ги доживуваат првите интимни бури. Интелектуалците не се војници, нив тешко е да ги построите. Особено ако на политичкиот хоризонт доминираат оние кои би го запалиле светот за да покажат дека се добри пожарникари, ако се послужам со мустаклијата Горки: -“инжињери на човечки души!”.

Или, Ана Ахматова: “Кога ги сахрануваат епохите, псалми не одјекнуваат. Ќе ја украсат копривите.Времето не чека.И тивко е, така тивко, Господе, се слуша како времето чекори”.

Веле Митаноски

Извор: libertas.mk