24/04/2024
Спорт

ШК Ласкер Охрид го освои првото место на Квалификациите за Втора лига

Во организација на Шаховската федерација на Македонија, во два термини 27-28 мај и 03 – 04 јуни 2023 година, во Хотел „Континентал“ Скопје, се одржаа Квалификациите за Втора лига – Екипно првенство за мажи на Македонија за 2023.

На квалификациите учествуваа 15 екипи, кои играа по Швајцарски систем од 6 кола, три кола во првиот предвиден термин и три кола наредниот термин.

ШК Ласкер Охрид го освои првото место на Квалификациите за Втора лига – Екипно првенство за мажи на Македонија за 2023, со тоа избори учество на екипата во Втора лига – Екипно првенство за мажи на Македонија за 2023, кое ќе се одржи од 30 јуни до 03 јули 2023 во Хотел Дрим Струга, во истиот перод женската екипа на ШК Ласкер Охрид ќе игра и Квалификации за Прва лига – Екипно првенство за жени на Македонија за 2023.

За машката екипа на ШК Ласкер Охрид настапуваат: Гоце Шапкароски, Александар Алексовски, Константин Лушески, Љупчо Попаѓоски, Никола Николовски, Михаил Николовски, Ерол Су, Андон Колоски, Ванчо Видиќески и Горан Усовиќ.

За женската екипа на ШК Ласкер Охрид ќе настапат: Наташа Лосковска, Елена Лушеска, Емилија Лушеска и Емилиуја Целеска.

ШК Ласкер Охрид финансиски е подржан од Општина Охрид.

Пласман после трето коло на: https://chess-results.com/tnr773309.aspx?lan=1&art=0&rd=6


WebOhrid / 04.06.2023 / ШК Ласкер