ШК Ласкер Охрид ќе учествува на квалификациите за Екипното првенство во шах 2020

Шаховската федерација на Македонија, од 21-24 август 2020 година, во „Хотел Метропол А.Д. Охрид“ во Охрид, ги организира Квалификациите за Екипно првенство на Македонија во шах за 2020 година. Технички организатор е Шаховски клуб Гамбит Ассеко-СЕЕ од Скопје.

ШК Ласкер Охрид, со своја екипа ќе учествува на Квалификациите за Екипното првенство во шах за РС Македонија за 2020 во организација на Шаховската федерација на Македонија.

На квалификациите се пријавени 12 екипи и тоа: Карпош (Скопје), МШК Центар (Скопје), Стево Патако (Битола), Анпасан-сеш (Шипковица, Тетово), 4-ти Ноември (Битола), Шкендија (Тетово), Ласкер (Охрид), Каменица Саса (Македонска Каменица), Рокада Радовиш (Радовиш), Фишер (Куманово), ГШК Неготино (Неготино) и Теута (Матејче, Липково).

Екипите ќе бидат поделени во две групи од по 6 екипи, најдобрите две од секоја група се пласираат во финалната група од која најдобрите три екипи ќе обезбедат учество на Екипното првенство на Северна Македонија за 2020 г.

Екипата на ШК Ласкер Охрид во состав: Целески Никола, Матески Стефан, Лушеска Елена, Матески Јулиан, Николовски Бранко Никола, Матески Драган, Лушески Константин, Неделкоски Филип и Лушеска Емилија, финансиски е подржана од Општина Охрид, Су Хотел Охрид, Сетекс Охрид и Рентакар Ескапе Охрид.

Сите информации за претстојните натпревари може да ги најдете на: http://laskerohrid.weebly.com/ како и на https://chess-results.com/fed.aspx?lan=21&fed=MKD