19/04/2024
ОхридСпорт

ШК „Ласкер“ Охрид со 12 шахисти учествува на младинските првенства на Македонија

Шаховската федерација на Македонија, од 19-28 јуни 2021 година, во Хотел „Дрим“ во Струга, ги организира Поединечните првенства на РС Македонија за млади за 2021 година. Технички организатор е Шаховски клуб „Прилеп“ од Прилеп.

На првенствата за млади на РС Македонија за 2021 пријавени се вкупно 91 млади шахисти (девојчиња и момчиња во категории G8, G10, G12, G14, G16, U8, U10, U12, U14, U16 и U18).

ШК Ласкер Охрид ќе учествува на Поединечните првенства за млади на РС Македонија за 2021 со 12 млади шахисти и тоа:

Зимоски Надалина ( G8 ) , Пуроски Јован ( U10 ),

Котушеска Јована (G10), Пуроски Давид ( U12 ),

Лушеска Емилија ( G12 ),

Матески Стефан, Николовски Михаил ( U14 ), Лушеска Елена ( G14 )

Матески Јулиан, Николовски Бранко Никола, Лушески Константин ( U16 ),

Николов Никола ( U18 )

ШК Ласкер Охрид финансиски е подржан од Општина Охрид, Су Хотел Охрид и Рентакар Ескапе Охрид.

Сите информации за претстојните натпревари може да ги најдете на: http://laskerohrid.weebly.com/ како и на https://chess-results.com/tnr562611.aspx?lan=1&art=1&flag=30