20/04/2024
Спорт

ШК Ласкер Охрид учествуваше на Европските првенства за млади 2020

Од 17 до 21 септември 2020 во ОПУ Јахја Кемал Скопје, во организација на ECU Европската шаховска унија се одржаа Европски првенства за млади по категории (девојчиња и момчиња O10/G10, O12/G12, O14/G14, O16/ G16 и O18/G18).

Поради пандемијата на Ковид-19 првенството се одржа он-лајн. На првенството од Македонија настапија 21 млад шахист, во кои од ШК Ласкер Охрид настапи Елена Лушеска во категорија G14, која имаше две победи, две реми и пет порази, освојувајќи го 72 место, пред почетокот на првенството беше рангирана како 86 место, од вкупно 89 млади шахистки, ова за неа беше едно големо искуство.

ШК Ласкер Охрид финансиски е поддржан од Општина Охрид, Су Хотел Охрид, Сетекс Охрид и Рентакар Ескапе Охрид.

Сите информации за претстојните натпревари може да ги најдете на: https://chessresults.com/tnr535249.aspx?lan=21&art=4&turdet=YES&flag=30