29/03/2024
Македонија

Скопје танцовиот театар на престижен танц-фест во Њујорк

На 37-то издание на најстариот и воедно еден од најпрестижните фестивали во Њујорк, од 15-ти до 19-ти август на „Battery Dance Festival“, учество ќе земе Скопје танцовиот театар. Свеченото отворање на годинешниот фестивал ќе се одржи во паркот „Вагнер“, покрај реката Хадсон, додека пак затворањето ќе се игра во центaрот „Шимел“, двете локации се наоѓаат во Менхетен …

Скопје танцовиот театар е единствената компанија кој учествува и ја претставува не само Македонија туку и целиот регион на овој престижен фестивал.Предвидени се изведба на кореографијата на Матеа Киселичка, насловена „Истиот извор“, и за затварањето-„Котел“ на Рисима Рисимкин, на музика од Тони Китановски.

Dance_Fest_Skopje_2017_-_MNT_-_SKIN__081

Гостувањето на Скопје танцовиот театар е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје.