20/04/2024
Македонија

„Скриншот“ – изложба на Дејан Божиновски во Куманово

Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена самостојната ликовна изложба на академскиот уметник Дејан Божиновски…

Најновото, трето по ред ликовно претставување на Дејан Божиновски под наслов „Скриншот“ (Screenshot) опфаќа 15 дела од најновата продукција на уметникот, работени во комбинирана техника (акрил и масло на платно).

Божиновски е роден во 1984 година во Куманово. Дипломирал во 2009 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Изложбата „Скриншот“, која ќе биде отворена до 20 јануари наредната година, е дел од програмските активности на НУ Музеј – Куманово и е поддржана од Министерството за култура.