19/04/2024
Охрид

Скршена канделабра претворена во корпа за отпад

Скршена канделабра на шеталиштето од Охрид кон Горица е претворена во корпа за отпад. Не е ни чудо, бидејќи токму на ова место нема поставени корпи за отпад, а ретки се оние кои отпадот го понесуваат со себе.

Потребно е во догледно време да се постават повеќе корпи за отпад особено покрај клупите, а дотогаш како корпа ќе послужи оваа канделабра.