25/04/2024
Македонија

Скулптури на Андреј Миневски во Прилеп

Вечерва во 19 часот во ликовниот салон на ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Секвенци од создавање“ од Андреј Миневски…

Андреј Миневски е млад скулптор, кој дипломира на Факултет за ликовна уметност на отсекот вајарство во класата на професорот Исмет Рамиќевиќ.

Скулптурите што ги работи се направени од различни материјали како дрво, пластика, цемент, метал и друго. Сепак, металот е материјал во кој го гледа сопствениот уметнички израз и креативност.

Миневски е активен уметник кој учествува на повеќе ликовни колонии во земјава, потоа на Скопје Креатива, на изложбата „35 години од формирањето на Факултетот за ликовна уметност“, на групната изложба „Млада уметност“ во Национална Галерија Мала Станица во Скопје, како и многу други колективни изложби.