19/04/2024
Македонија

Слободан Тимчевски изложува во Куманово

Вечерва во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики на академскиот сликар Слободан Тимчевски. Изложбата содржи 25 дела работени во техниката акрил од најновата продукција на Тимчевски…

Изложбата е насловена “Моменти“, а она што ги поврзува делата е концептот и пристапот во којшто доминираат две компоненти: експресијата на цртежот и бојата и декоративните секвенци.

Во оваа најнова збирка на дела на Слободан Тимчевски може да се согледаат и повеќе други влијанија од поп-арт, стрит-арт и стрипот, што говори за еден едуциран автор којшто има апсолвирано и теоретски знаења, коишто успешно ги спроведува во своите дела, градејќи еден свој визуелен универзум.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена во наредните 14 дена.