28/03/2024
Регион/Свет

Смртни закани за градоначалничката на општината Вотлси во Мелбурн, Емилија Лиса Стерјова, етничка Македонка

Од Скопје до Мелбурн постанува тешко да си Македонец: Смртни закани за градоначалничката на општината Вотлси во Мелбурн, Емилија Лиса Стерјова, етничка Македонка

Градоначалничката на општината Вотлси во Мелбурн, Австралија, Емилија Лиса Стерјова, етничка Македонка, го предизвика бесот на претставниците на грчката заедница во Австралија, до степен да и се упатуваат смртни закани.

Нејзиноот “грев” е во тоа што говорела на свечен собир на македонската заедница, и заиграла македонско оро, држејќо го знамето со шестоаголното сонце од Кутлеш.

Градоначалничката Стерјова, говореше, на македонски и англиски јазик, на претходно одржана свеченост, по повод прославата на 28-та генерација матуранти на училиште за македонски јазик во Мелбурн.

Грчката заедница сега бара оставка од градоначалничката, јавно извинување, додека од раководството на Лабуристичката партија, се бара да ја отстранат од членството.

Како што пренесува порталот Фаланга од Мелбурн, градоначалничката Емилија Лиса Стерјова, на сите јавни настани, се појавува во придружба на полициски службеници и е под 24 часовно полициско обезбедување.

В.М.