24/04/2024
Македонија

Со, или без Спогодбата од Нивице, македонскиот јазик се негува во соседна Албанија

Една година програма на македонски јазик на Вторта програма на албанскиот национален сервис

Со ентизијазмот на екипата од млади етнички Македонци кои живеат во Албанија, секако и со разбирањето на албанскиот национален сервис- Радио телевизија на Република Албанија (РТШ)-2, веќе една година, на Втората програма (РТШ)-2, во рамките на Програмата на емисии на јазиците на малцинствата, течат информативните и други содржини на македонски јазик.

Покрај вести, се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, серии со кои ги промовираат и ги афирмираат културата, обичаите, традицијата и сите останати вредности на бројното македонско малцинство.

Емисијата на македонски јазик на РТШ2 се емитува секој ден, од понеделник до петок, со почеток во 20.30 – 21.00 часот.

На почетокот,во термин од 5 – 7 минути се кратките вести, а во останатите минути се емитуваат прилози поврзани со македонската култура, традиција, обичаи и слично.

„Ми преставуваше голема чест што токму јас ги презентирав првите кратки вести на македонски јазик. Тоа чувство, кога се обраќате на мајчин јазик е преубаво и неповторливо“ – вели, првиот водителот – уредник, Нико Китани, кој истовремено е претставник- член на владиниот Комитет за национачните малцинства на Албанија.

Китани, истовремено, искажува голема благодарност кон тимот кој старувавме уште на самиот почеток, како што нагласува, без умор и со доброволно работење.

Тоа се Естела Ѓурѓај, Теодора Танас, како и Маријана Костоски и Илче Костоски, кои се уште без умор продолжуваат да ги преведуваат и читаат вестите на Македонски јазик на втората програма на Албанската Радио Телевизија РТШ2.

Голема благодарност упатува и до Македонците од Канада и Австралија, кои на почеток многу им помогнале.

Пред две децении, за Македонците од регионот на Мала Преспа, во Пустец, радио станица “Мала Преспа”, опреми и во обуката на кадарот помoгохридското Радио супер, на иницијатива на тогашниот амбасадор на Република Македопнија во Република Албанија, Ристо Никовски.

Веле Митаноски