28/03/2024
Охрид

Со ликовна постановка од Рацинови портрети, заокружена културната иницијатива: Осумдесет години „Бели Мугри”од Кочо Рацин

Познатиот ликовен уметник од градот на Рацин, Ангел Петров, Фондацијата “Ангеп Петров”, заедно со Општина Велес, на Охрид и ОУ “Кочо Рацин”, во Охрид, им ја направија честа, токму овде, со ликовната постановка од дваесет Рацинови портрети, да биде заокружува културната иницијатива: Осумдесет години ”Бели Мугри”од Кочо Рацин.

– Пресреќни сме што сме во Охрид, мегу овие деца и нивните наставници и раководители, но, исто така, пресреќни сме што оваа ликовна изложба ја постигна едукативната цел кај учениците. Мегу другото, за тоа најречито говорат големиот интерес, посетеноста и вниманието што го доби изложбата, како и уште поголемото учество на распишаните конкурси – литературен и ликовен, рече на отворањето на изложбата Светлана Петрова, од Фондацијата “Ангеп Петров”,

Изложбата, досега, посети повеќе училишта кои го носат Рациновото име низ земјата: Средно училиште “Кочо Рацин”од Свети Николе, ОУ “Кочо Рацин” од Петровец, ОУ”Kочо Рацин”од Куманово, ОУ ”Кочо Рацин”,одсело Блатец, вииничко и ОУ ”Кочо Рацин”, од Нов Дојран.

Во културната иницијатива: Осумдесет години ”Бели Мугри”од Кочо Рацин, учество зедоа повеќе од 3000 посетители – ученици.

Од нив педесетина беа наградени ученици од литературниот и ликовен конкурс: Осумдесет години ”Бели Мугри”од Кочо Рацин “.

Организатот, Фондацијата “Ангел Петров”, од Велес, за најдобрите обезбеди благодарници и книги.

Ликовниот уметник Ангел Петров, минатата година одбележа 60 години ликовно творештво, а досега излагал педесетина пати во земјјата и странство.

Како ученик во Средното уметничко училиште во Скопје, кај Мартиноски, Коџоман и Борко Лазески, наградуван е за најталентиран на својата генерација.

Во 1950 година, од професорот Лазар Личеноски, добил награда за најдобра “мртва природа”.

Носител е на бројни други награди и признанија од инстутуции, како МАНУ и други во земјата, како и во светот, а за најдрага е издвојува Наградата за животно дело Гемиџии на општина Велес.

Во Белград, во класата на Винко Грдан, завршил Академија за применета уметност.

Веле Митаноски