25/04/2024
Охрид

Со низа активности ќе се одбележи патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“

Во вторник (06.02.2018) Основното училиште „Григор Прличев“ Охрид со низа активности ќе го одбележи својот патронен празник.

Активностите ќе започнат во 11:00 часот во училишниот двор со полагање цвеќе на бистата на Григор Прличев. Во 11:30 часот ќе се одржи Прличевата визита во новата зграда, кабинет на ТО.

Во рамките на програмата за одбележување на патронатот, во 18:30 часот во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена ликовна изложба и ќе бидат доделени награди на учениците.

Активностите ќе бидат заокружени во 19:00 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“, каде ќе се одржи свечената приредба, подготвена од страна на учениците и наставниците.

WebOhrid