25/07/2024
Охрид

Со низа свечености ќе се одбележи Денот на ослободувањето на Охрид

Oпштина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија со низа свечености ќе го одбележат 7. Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.

Програма

07.11.2017 (вторник)

10:00 часот – Полагање свежо цвеќе

Место: Спомен – парк на Револуцијата
– Споменик на паднатите борци (Градски гробишта)
– Споменик на Петре Пирузе (Основен суд)
– Споменик на Мите Богоески (двор на СОСУ Св. „Кирил и Методиј“)
– Спомениците на Андон Дуков и Спас Банџов (Градски парк)

10:30 часот – Полагање свежо цвеќе и Панихида пред споменикот на Јасна Ристеска
Место: с. Рамне

12:00 часот – Свечена културно-уметничка програма
Место : Голема сала на Општина Охрид

13:00 часот – Свечено предавање во употреба на реновираниот објект „Развигорче“ на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“
Место: објект „Развигорче“

17:00 часот – Патронен празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“
Свечена приредба на дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“
Место: СРЦ „Билјнини извори“

18:30 часот – Седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“- Охрид
Место: простории на ОМУ „Методи Патче“

19:30 часот – Свеченост по повод воведувањето бесплатен курс за изучување на рускиот јазик во ОУ „Христо Узунов“, во соработка со Почесниот Конзулат на Руската Федерација во Охрид.
Место: простории на ОУ „Христо Узунов“.