28/03/2024
Охрид

Со сугестии и предлози младите да учествуваат во креирање на младинската стратегија на општината

Процесот на креирање на Младинска стратегија на општина Охрид се одвива согласно предвидената динамика и планираните активности. По успешната работилница која се оддржа во општина Охрид на која учествуваа: млади луѓе, релевантни институции, организации како и претставници на бизнис секторот дефинирани се клучните аспекти кои оваа стратегија треба да ги опфати. Стратегијата ќе ги дефинира стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите луѓе во општина Охрид како и долгорочните цели презентирани низ тематски области.

За таа цел, уште еднаш ги покануваме сите кои сакаат дополнително да достават предлози и сугестии по однос на овој процес, тоа да го сторат на официјалната е-пошта: stategijazamladi@yahoo.com најдоцна до 10.10.2021 година. Младите лица од општина Охрид на возраст од 15 до 29 години имаат можност да одговорат и на прашалникот кој е достапен на следниот линк: