19/04/2024
Охрид

Собири на граѓаните од урбаните заедници „Рача“ и „Билјанини извори“

На собирот на граѓаните од урбаната заедница „Рача“ , заедно со жителите од месната заедница „ Велестово“, што се одржа синоќа, градоначалникот Д-р Јован Стојаноски со дел од неговите соработници, разговараше за решавање на проблемите и подобрување на квалитетот на животот во овие населби.

Граѓаните побараа решавање на проблемите  со канализационата мрежа, доизградба на уличното осветлување, изградба и реконструкција на уличната патна мрежа и уредување на нова  пешачка патека.Градоначалникот Стојаноски на граѓаните им соопшти  дека дел од  барањата ќе се реализираат во текот на оваа, а дел ќе се внесат во програмата за комунален развој за идната година.

За комуналните проблеми се разговараше и на средбата со граѓаните од урбаната заедница „ Билјанини извори“ , при што беше дефинирано кои проекти ќе се реализираат во текот на оваа и наредната година.