19/04/2024
Македонија

Собор на Пресвета Богородица – Втор ден Божиќ

На вториот ден од Божиќ христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, којашто го роди Господ и Сапсителот наш Исус Христос.

Ова празнување се нарекува Нејзин собор, затоа што на тој ден се собираат сите верни за да ја прослават Нејзе, која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божиќ вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

За многу години!

WebOhrid