28/03/2024
Охрид

Сочувство од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид до семејството Чаулеви

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид изразува длабоко сочувство до семејството Чаулеви за загубата на г. Љубомир Чаулев.

„Љубомир Чаулев ќе остане запаметен како еден од најпознатите општествени работници давајќи голем придонес за развојот на Охрид.

Беше наш соработник и коалиционен партнер со Социјалистичката партија со кој имавме конструктивна соработка.

Охриѓани денеска изгубија добар пријател и голем човек.

Нека почива во мир!“ – стои во писмото со сочувство.