18/04/2024
Македонија

Соло рецитал на виолинистот Бојан Илкоски во Филхармонија

Вечерва од 20 часот, во камерната сала на Македонската филхармонија соло рецитал ќе одржи виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени капитални дела од опусот за соло виолина од Ј.С. Бах, Н. Паганини и Е.Изаи…

Илкоски годинава одржа уште два рецитала. Во мај се претстави пред велешката публика заедно со пијанистот Дино Имери, а солистички концерт имаше и во Скопје во рамките на фестивалот „Златна лира 2017“.

Своето музичко образование Илкоски го започнува на 7-годишна возраст во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, каде ги завршува нижото и средното музичко образование, а дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Олег Кондратенко.

Од неодамна Илкоски е редовен член на симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија како и член на оркестарот за филмска музика на „Фејмс“ (FAME`S).