28/03/2024
Охрид

Сообраќајка на ул.„Питу Гули“ во Охрид, повредено едно лице

На 02.09.2019 во 15.30 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(71) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.