28/03/2024
Охрид

Сообраќајна незгода на бул.„Туристичка“ во Охрид, повреден велосипедист

На 16.11.2020 во 12,45 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(53) од Пештани, и велосипедист Д.Д.(46) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Д. кој бил пренесен во болницатa „Св.Еразмо-Охрид“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.