19/04/2024
Струга

Сообраќајна незгода на патот Струга–Дебар, повредени 4 лица

На 17.09.2019 во 16:45 часот на регионалниот пат Струга–Дебар, на крстосница од локалниот пат кај селото Добовјани и патот кој води кон селото Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.П.(58) од Вевчани и патничко моторно возило „Фоксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(54) од Велешта. Од ударот возилото „Југо“ удрило во пешакот С.Б.(55) од Република Албанија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.П. и С.Б. кои се пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „Југо“, С.П.(49) и 12 – годишен пешак, кој се движел заедно со С.Б.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Струга.