26/04/2024
Охрид

Сообраќајни акциски контроли на СВР Охрид

Со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот, викендов, СВР Охрид, на целото подрачје што го покрива, реализира повеќе сообраќајни акциски контроли. Само во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето контролирани се вкупно 191 моторни возила (67 во Охрид, 44 во Струга, 33 Дебар и 47 во Кичево). Притоа, алкотестирани се вкупно 122 возачи на возилата пришто, кај вкупно 27 возачи констатирано е присуство на алкохол во крвта (Охрид-13, Струга-3, Дебар-3 и Кичево-8) поради што, по овој основ, веднаш одземени се вкупно 27 возачкидозвол.Исто толку возачи се исклучени од сообраќај.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. При реализираните акциски контроли, полициските службеници регистрирале и повеќе други прекршоци поради што, издадени се вкупно 28 мандатни и прекршочни платни налози (Охрид-13, Дебар-4, Кичево-8 и Струга-3.

Вакви и слични акциски контроли кон сите учесници во сообраќајот, СВР Охрид постојано спроведува на целото подрачје а истите, во пресрет на претстојните празници ќе бидат значително интензивирани. Целта е подигнување на степенот на сообраќајната безбедност и поголемо почитување на сообраќајните правила и прописи.