28/03/2024
Охрид

Сообраќајните столбчиња предизвик при паркирање

Сообраќајните столбчиња кои ова лето беа поставени на делови од зоната за паркирање очигледно нема да останат/траат долго.

Имено, според ситуацијата на терен, возилата имаат проблеми да се паркираат пред и зад столбчињата. Покрај тоа, тие се премногу ниски (под регистарската ознака на автомобилите) така што возачите немаат добар преглед каде точно се наоѓа столбчето при паркирање и тргнување.

Според сугестиите на нашите сограѓани, доколку мора да има столбчиња, тогаш најдобро би било овие столбчиња да бидат високи најмалку 1 метар и да се поместат за некој степен поблизу до тротоарот (банкината).

WebOhrid