24/04/2024
Македонија

Соопштение од МВР

Во врска со настанот од 29.06.2018, Министерството за внатрешни работи уште еднаш потсетува дека случајот е експресно расчистен, а за тоа соодветно ја информира и јавноста.

Имено, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. На 29.06.2018 година околу 17:30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор. Целокупниот доказен материјал е предаден на надлежното јавно обвинителство и овој случај е во надлежност на ОЈО Скопје.

https://www.youtube.com/watch?v=i9yz8veGumc