28/03/2024
Македонија

Соопштение за неработен ден 6 јануари, Бадник, ден пред Божиќ

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2021 година (среда), Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.​