19/04/2024
Охрид

Соопштение за организирање на повторена јавна анкета и јавна презентација за ДУП за УЗ 3, дел од УБ 3.2 – опфат 2, општина Охрид нацрт план 2014-2019

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) односно член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. Весник на РМ“ бр199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр.19-2390/13 од 14.09.2018 год. Градоначалникот на општина Охрид дава

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 3, ДЕЛ ОД УБ 3.2 – ОПФАТ 2, ОПШТИНА ОХРИД НАЦРТ ПЛАН 2014-2019 [преземи pdf]

1. Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за УЗ 3, дел од УБ 3.2 – опфат 2, општина Охрид е опфат со површина од 9792,66 м2односно 1,00 ха и тоа во граници на собирните улици “Бистрица” и “Васил Стефоски”, станбена улица “2” и сервисна улица “1”:
– Границата на планскиот опфат започнува во точка “А” која во североисточен правец се движи по осовина на собирната улица “7” (ул.”Бистрица”) до пресекот со сервисна улица “1”, во правец југоисток се движи по осовината на сервисна улица “1” до пресекот со станбена улица “2”, во југозападен правец се движи по станбена улица “2” до пресекот со собирната улица “С4″ (ул.”Васил Стефоски”) која движејќи се во северозападен правец завршува во точката “А” како пресек на собирната улица “С4″ (ул.”Васил Стефоски”) и собирната улица “С7″ (ул.”Бистрица”).

2. Јавната анкета ќе трае од 20.09.2018 – 03.10.2018 год.

3. Јавната презентација ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на ден 26.09.2018 год. (среда) со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред Големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид.

6. Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите од членот 29 на горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.