25/04/2024
Охрид

„Сопружници“ повторно на репертоарот во Центарот за култура – Охрид во петок (22.10.2021)

На репертоарот повторно тетарската претстава “Сопружници” – Вуди Ален, режија Драгана Таневска, во ПЕТОК, 22.10.2021 година со почеток во 20.00 часот, МАЛА САЛА!

Играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев

“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:

-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.