29/03/2024
ОхридСтруга

Соработка со американското катче и успех на гимназијалците на натпреварот по англиски јазик

На меѓуoпштинскиот натпревар по англиски јазик одржан во Струга во изминатиот март во категорија на ученици од втора година на средношколско образование, охридските гимназијалци постигнаа забележани резултати. Под менторство на проф.Сузана Ристеска,  Ангел Јованоски освои прво, а Павел Спростран и Кирил Ковачески го делеа второто место. Со постигнатиот резултат тие се пласирани за регионалниот натпревар кој ќе се одржи при крајот на април.

Традиционална соработка на охридската гимназија со мрежата на Американско катче продолжува. На денешната презентацијата гостуваше М-р Билјана Кузмановска Тасетовиќ, координатор и виш советник за образование во САД  од Американско катче од Битола, која учениците ги запозна со активностите, можностите кои им се нудат за студирање во САД и бесплатните ресурси кои им се достапни преку ова катче лоцирано во Струга спроти Хотел Дрим.

Воедно се презентираа и два саеми:

Најпрво, на 11-ти мај 2018 година, во Битола ќе се одржи Битола Mini Maker Faire кој ќе се случува за прв пат во Македонија и ќе донесе глобално движење на Makers: иноватори, креативци, уметници, научници и вљубеници во технологијата со цел да се охрабри љубопитноста, забавата, откривањето и споделувањето на нови идеи, знаење и искуство. 

Потоа, на 19-ти Април 2018 година, по петти пат, во хотел Мериот во Скопје Амбасадата на САД и EducationUSA Македонија го организираат годишниот EducationUSA Саем за студирање во САД кој ќе претстави 10 американски факултети и универзитети, како и домашни организации кои работат во сферата на промоција на американското високо образование.