25/04/2024
Македонија

Соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе меѓу Р.Бугарија и Р.Северна Македонија

Во периодот од 26-ти до 28-ми јуни 2019 година, во Скопје, Република Северна Македонија, делегација предводена од м-р Магдалена Несторовска – Државен секретар во Министерството за внатрешни работи и Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција одржа работни состаноци со делегација на Република Бугарија предводена од проф. Николај Проданов, Заменик министер за правда и Заменик претседател на Националната комисија за борба против трговија со луѓе.

На работните состаноци делегациите го усогласуваа и постигнаа согласност за нацрт текстот на Протоколот помеѓу Владите на двете држави за соработка во областа на борбата против троговијата со луѓе, а меѓу другото, се разговараше и за неговото потпишување во најскоро време. Имено станува збор за постигната согласност за потпишување на прв Протокол од ваков вид со земја членка на Европската Унија во случајов со Бугарија

Средбите беа искористени и за размена на искуства и унапредување на соработката меѓу двете национални комисии за борба против трговија со луѓе, како и меѓу двете министерства за внатрешни работи.