Сосед упатувал закани во Велмеј, случајот пријавен во СВР Охрид
На 30.03.2026 во 13:30 часот во СВР Охрид, В.С.(72) и Ц.С.(79), двајцата од Охрид, пријавија дека на 29.03.2026 околу 10:00 часот, поради претходни недоразбирања, додека седеле во дворот од куќата во с.Велмеј, општина Дебрца, нивниот сосед Б.П. им упатувал закани. Според пријавеното, истото се случило и пред околу една недела.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
